Двата пензиски фонда оствариле добивка од 10 милиони евра

Bez autora
Oct 29 2012

Со предвремената продажба на еврообврзницата двете друштва од вториот пензиски столб оствариле капитална добивка од 10 милиони евра, информира министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски. Со тоа, вели тој, нивните членови ќе имаат повеќе средства на личните сметки. Тој потсети дека со измените и дополнувањата на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување кои стапија на сила од 8 август годинава, во делот на инвестирањето во државни хартии од вредност издадени од Република Македонија, се прецизира дека средствата на пензиските друштва можат да се инвестираат во државни хартии од вредност издадени на домашниот пазар. Пензиските фондови во своето портфолио ги поседуваа двете македонски еврообврзници издадени на странски пазар. Едната достасува на 8 јануари 2013 и за неа нема потреба од предвремена продажба. Втората достасува во декември 2015 година и поради тоа постојните портфолиа на пензиските фондови мораа да се усогласат заклучно со 15 јануари 2013 година.

Двата пензиски фонда оствариле добивка од 10 милиони евраСо предвремената продажба на еврообврзницата двете друштва од вториот пензиски столб оствариле капитална добивка од 10 милиони евра, информира министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски. Со тоа, вели тој, нивните членови ќе имаат повеќе средства на личните сметки.

Тој потсети дека со измените и дополнувањата на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување кои стапија на сила од 8 август годинава, во делот на инвестирањето во државни хартии од вредност издадени од Република Македонија, се прецизира дека средствата на пензиските друштва можат да се инвестираат во државни хартии од вредност издадени на домашниот пазар.

- Пензиските фондови во своето портфолио ги поседуваа двете македонски еврообврзници издадени на странски пазар. Едната достасува на 8 јануари 2013 и за неа нема потреба од предвремена продажба. Втората достасува во декември 2015 година и поради тоа постојните портфолиа на пензиските фондови мораа да се усогласат заклучно со 15 јануари 2013 година - рече министерот.

Сепак, како што посочи, двата пензиски фонда во текот на 2012 година предвреме ја реализираа продажбата на оваа македонска обврзница, НЛБ Нов пензиски фонд заклучно со 6 август, а КБ Прво пензиско друштво заклучно со 12 септември годинава.

Двата задолжителни фонда имаат повеќе од 312.000 членови и поседуваат околу 310 милиони евра, што е околу 3.35 отсто од БДП.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik